Almir Terzic
26 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
САРАЕВО (АА) - До претседателот на Република Српска, Милорад Додик, упатен е повик за сослушување во својство на осомничен во предметот во врска со вчерашното спроведување на референдумот за Денот на Република Српска во тој ентитет, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што потврдија за Anadolu Agency (AA) во Обвинителството на БиХ, засега е упатен повик само до претседателот на РС, Милорад Додик, во врска со неизвршувањето на Одлуката на Уставниот суд на БиХ.
Во кабинетот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, не се информирани за доставувањето на повик за сослушување. Претседателот Додик, денес се наоѓа во Белград.
Обвинителството на БиХ денес соопшти дека во врска со активностите околу неизвршувањето на одлуката на Уставниот суд на БиХ, собира одредена документација и дека одредени лица ќе бидат повикани во таа институција.