АНКАРА (АА) - ОРХАН ОНУР ГЕМИЏИ - Во извештајот насловен „Нова генерација на тероризам: Анализа на ФЕТО“ објавен од страна на Претседателството на Полициската aкадемија на Турција, се нагласува дека е потребно да се формира еден центар кој ќе овозможи координација и ќе служи како база на податоци во врска со борбата против оваа организација, како и да не се толерираат другите групи кои се трудат да се организираат внатре во државата и кои ги имаат за цел слободните позиции во оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во овој извештај подготвен од страна на Претседателството на Полициската aкадемија на Турција и во кој дале придонес голем број лица специјализирани во нивните области, се раскажува како ФЕТО се структутирала во социо-психолошките, верските, како и во областите на безбедноста, образованието и економијата. Исто така, се раскажува правната, политичката и админситративната борба против оваа организација.
Според извештајот, доколку се видат активностите кои ги реализирала во околу 40 години, оваа организација повеќе делува како еден езотеричен модерен култ, отколку како верска заедница.
Аналитичкиот извештај укажува на тоа дека модерните култови се структуирани на начин што се собираат околу еден лидер, најчесто наречен „гуру", кому членовите му се покорни без приговор, а секој од членовите на таа заедница со потполна посветеност е врзан за таа организација.
Исто така, се истакнува дека лидерот на организацијата, Фетула Ѓулен, постотјано тврди дека во своите соништа го гледа Божјиот пратеник Мухамед и Бога. Тој од една страна сака да го консолидира својот авторитет, а од друга страна сака да даде легитимитет на реализираните активности кажуваќи дека овие инструкции кои ги дава, му биле кажувани во сон.
Според извештајот, за подобро да се разбере појавата и развојот на ФЕТО, оваа организација треба да се разгледа во рамките на бироктасткото туторство врз политиката и општеството, и Гадио движењата од 50-тите години.
Во извештајот се вели дека ФЕТО со надворешните разузнавачки служби се насочува кон организирање во стилот Гладио. Се истакнува дека во контекст на Гладио, Република Турција за првпат за време на обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година и синхронизираните напади извршени по овој ден, се соочи со вистинските меѓународни тутори.
Се укажува дека оваа организација која се појавила зајакнувајќи се во периодот на воената состојба во осумдесеттите години и продолжува со своите активности, била нудена како единствена алтернатива пред конзервативната публика за време на процесот на 28 февруари, кога биле сузбивани другите верски групи.
- Стуктурирање во безбедносната бирократија
Според извештајот, кон крајот на седумдесеттите години ФЕТО започнала да се организира во војската, полицијата и разузнавачките институции, а во оваа организација е формиран одделот „Имам за доверливи услуги“ со цел да се справи со овие наведени институции.
- Структурирање во областа на образованието
Се вели дека потегот на ФЕТО кон образованието е со цел добивање моќни човечки ресурси, обезбедување одреден легитимитет во страснтво и во земјата, како и со цел да стекне огромна финансиска моќ.
Според извештајот, оваа организација со остварените приходи од приватните училишта го финансирала системот, и овие образовни активности ги трансформирала во механизми за перење пари.
„Ако се земе в предвид дека организацијата поседува осум милиони турски лири од вкупните приходи на приватните училишта кои изнесуваат 16 милиоли лири, тогаш подобро може да се разбере со колкава економска моќ управувала, и зошто толку се борела за да не се затвораат овие образовни институции. Помошните учебници се финансиски извор на ФЕТО. Прометот од учебниците продавани од страна на издавачките куќи во 2013 година, изнесува околу 850 милиони лири“, се наведува во извештајот.
- Испитите како метод за инфлитрирање во државата
Во извештајот се вели дека е откриено дека ФЕТО ги крадел прашањата на испитите на Центарот за избор и сместување на студенти (ÖSYM) во период од 2000 до 2013 година со цел инфилтрирање свои луѓе во стратешките точки на државата.
Според овој извештај, продолжува истрагата и судењето против 300 илјади лица во рамките на истрагите околу државниот удар и кражба на прашањата на испитите.
Како што се наведува во извештајот, голем број бирократи за кои се смета дека пред процесите од 17-25 декември се вклучиле во оваа структура, биле исплашени да ги откријат членовите на ФЕТО поради што и тие ќе бидат откриени.
- Предлози
Во извештајот се наведени информации околу структурата и активностите на организацијата, како и предлози за тоа како понатаму ќе се постапува.
Во овие рамки, се вели во извештајот, потребно е формирање на еден центар кој ќе ја координира борбата против оваа организација и ќе ги собера информциите околу организацијата.
Исто така, во овој извештај се укажува на важноста на создавање една архитектура за борба против организацијата, како и за тоа дека треба да се спроведат кривични санкции со цел построго да се контролира организацијата. Оваа организација, како што се наведува, преку фондации и здруженија вршела неправилности во трансфер на капиталот.
Според извештајот, потребно е фомирање на спсецијализирани органи за спроведување на законот во борбата против ФЕТО. Се укажува на важноста на судење на приведените високи, како и други претставници на организацијата.
Во извештајот се наведува дека земање на изјавите на осомничените пединечно, но и групно, е важно во однос на поттикнување во покајувањето. Во овој извештај се укажува и на важноста на улогата на Претседателтството за верски прашања на Турција во спречување на структурите како ФЕТО и ДЕАШ да навлезат во областа на религијата, да ги искривуваат верските правила и вредности, како и да вршат инструмнетализација на верата.
Другите предлози наведени во извештајот се следни: „Јавноста треба да се информира дека борбата против ФЕТО не е верска туку политичка борба, и дека терористичките организации како ФЕТО се шират во политичка област. Потребно е да се формира еден контролен механизам за спречување на радикализација на блиските на оние кои се отстранети од јавните услуги како резултат на истрагите против ФЕТО.“