Dzihat Aliju
17 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Од денеска стапи на сила договорт помеѓу Македонија и Косово за условите за патување на граѓаните од двете држави со лични карти, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот е официјализиран на граничниот премин Блаце со учество на заменикот-министер за внатрешни работи на Република Македонија, Агим Нухиу, и заменикот- министер за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа, како и делегациите од двете земји.
Замениците министри од двете земји по средбата одржаа и прес-конференција.
Заменикот министер за внатрешни работи на Македонија, Агим Нухиу, во својата изјава изрази посебна чест што е домаќин на денешното формализирање на стапувањето во сила на договорот помеѓу владите на Македонија и Косово за условите за патување на граѓаните од двете земји.
Тој истакна дека договорот содржи принципи на меѓународното право и на пријателските односи меѓу двете земји
„Во насока на продлабочување на идната соработка предводена од желбата за олеснување на патувањето на граѓаните на Македонија и Косово, имајќи ги в предвид традиционалните блиски врски, фамилијарни и пријателски меѓу двете земји, како и потребата од брз премин на границата, ние го склопивме горенаведениот договор во Приштина, додека истиот денес го реализиравме”, истакна Нухиу.
Според него, министерството за внатрешни работи на Република Македоинија ги презема сите неопходни чекори за унапредување на полициската соработка, билатерална и регионална, како дел од примарната дејност на нејзината надворешна политика.
„Денешната церемонија е доказ за залагањето на нашите влади во насока на унапредување на партнерските и пријателските односи, истовремено промовирајќи европски димензии во регионот”, истакна заменикот-министер Нухиу.
Заменикот-министер за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа, истакна дека Република Косово денеска го примени концептот на ЕУ за слободно движење на стоки и луѓе.
Тој истакна дека Косово за стратешки приоритет го има членството во Европската Унија, Хоџа во тој контекст рече дека овој договор е во насока на регионалната соработка, како неопходен услов за доборсоседските односи меѓу двете земји.
Според него, Косово и Македонија имаат посебни специфики на заедничко минато како и фамилијарни врски меѓу граѓаните од двете земји.
„Во овој контекст, со денешниот договор, со неговото формализирање, ние ја подобруваме доборсоседската соработка и преминот на границата го правиме полесен а истовремено се осигуруваме дека преминот со биометриски лични карти ќе има подобра контрола”, истакна Хоџа.
Тој, исто така, додаде дека во контекст на олеснување на преминот на границата на граѓаните од двете земји, владите на двете земји се договорија за отворање на уште еден меѓуграничен заеднички премин кој, според него, многу бргу ќе се финализира.
Сето тоа во служба на вградување олеснителни политики во духот на широката регионална соработка.
Договорот помеѓу Македонија и Косово за условите на патувањето на граѓаните од двете земји со лични карти е потпишан на 8-ми февруари од страна на тогашниот заменик-премиер и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, и министерот за надворешни работи на Македоинија, Никола Поповски.