Bayram Altuğ
14 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - По новиот бран насилства на мјанмарската војска, од 25 август речиси 400.000 аракански муслимани побегнаа во Бангладеш за да ги спасат своите животи, потврдено е од УНИЦЕФ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ), Кристоф Булирак, изјави дека од 25 август, од насилствата во Мјанмар во соседен Бангладеш побегнале речиси 400 илјади аракански муслимани, меѓу кои 220 илјади деца.
Рохинџа веќе со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а веќе неколку недели се соочуваат со нов бран насилства во мјанмарскиот регион Аракан.
Под изговор борба против милитантните групи, мјанмарската војска во изминатите неколку денови уништи најмалку 60 муслимански села, принудувајќи десетици илјади граѓани да бегаат кон соседен Бангладеш.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на настраданите во нападите врз муслиманските населби. Локалните невалдини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени лица.