Sarp Özer,A. Eda Ünlü Özen
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик во Анкара изјави дека Турција се надева оти сите коалициски сили, вклучувајќи ги и САД, ќе дадат воздушна поддршка, но и друг вид на помош што на Турција ѝ е потребна во офанзивата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надеваме дека сите коалициски сили, првенствено САД, ќе дадат воздушна и друга поддршка што на Турција ѝ е потребна во офанзивата „Штитот на Еуфрат“. Така ќе се стори потребниот чекор додека не е доцна“, изјави министерот Ишик.
Исто така, Ишик зборуваше и за турските проекти во областа на воздухопловството.
„Ако даде Господ, на 6 септември 2018 година, во 06.00 часот ќе полета националниот хеликоптер што го разви Турција“, нагласи Ишик.