Burak Bir
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) започнаа да градат две нови воени бази во сириската покраина богата со нафта Деир ез Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори велат дека воените бази се градат во близина на регионот Ал Сур.
Снимките што ги направија репортерите на АА покажуваат дека на терен има големa градежна опрема, а неименувани извори соопштија дека САД во тој регион испратиле додатни 250 до 300 војници, оклопни возила, тешко вооружување и муниција.
По паузата на антитерористичката операција на Турција во северна Сирија, американските трупи во петокот продолжија со воени патроли околу нафтените резервоари во североисточна Сирија.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.