Bekim Laci
21 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје, на Форумот за бизнисмени и инвеститори во Македонија од дијаспората се собраа повеќе од стотина учесници кои во Министерството за надворешни работи во текот на денот ќе разговараат за искуствата и впечатоците на претприемачите во однос на привлекувањето инвестиции од дијаспората во нови компании во земјата, јавува Anadolu Agency (АА).
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, по говорот пред учесниците на форумот „Македонија 2025“, за новинарите изјави дека во фокусот на форумот се иселениците кои одлучија да се вратат во Македонија привремено за да инвестираат во мали и средни претпријатија.
Тој додаде дека форумот претставува обид на сите институции на државата, а нивната цел е да се поттикне помладата популација со потекло од Македонија практичната работа во рамките на студиите на универзитетот каде што студираат да ја извршат во Македонија и на тој начин да ги зајакнат врските со матичната земја, додека за Македонија претставува можност да се создадат потенцијални инвеститори.
„Имаме програми за поддршка кои се однесуваат на сите инвеститори, без разлика дали се со потекло од Македонија или не се, и во делот на ослободувања, даноцни, процедурални, забрзани постапки за издавање градезни дозволи и регистрација на компании. Во делот на дијаспората имаме веројатно дополнителен поттик бидејќи голем од нив познаваат луѓе овде, затоа би било добро да заживеат некои од бизнис идеите заедно со македонски партнери”, изјави Попоски.
Владимир Робевски, кој пред осум години од Австралија дојде во Македонија, изјави дека потребата за проширување на неговиот бизнис од сферата на информативната текнологија го довела во Македонија бидејќи, како што напомена, го познавал менталитетот на луѓето и верувал во нивниот квалитет на работење. Немањето инвестиции според него лежи во непознавањето на овдешната реалност.
„Осум години сум во Македонија и можам да кажам дека имам одлична соработка со институциите, факултетите, општините, невладините организации. Би ги охрабрил сите Македонци да дојдат да инвестираат бидејќи има потенцијал”, изјави Робевски додавајки дека политичката криза несомнено влијае во одлуките на бизнисмените да инвестираат во Македонија.