Atakan Çelik
26 Мај 2017•Ажурирај: 27 Мај 2017
ФЕТО.АНКАРА (АА) - Решат Петек, претседател на парламентарната Комисија за истрага, за обидот за државен удар во Турција, соопшти дека извештајот на комисијата јасно покажува оти зад обидот за пуч, кој се случи на 15 јули минатата година, стои терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Собраните докази и документи укажуваат на фактот дека Фетула Ѓулен е измамник и извршил кривични дела од тој вид. Дури и неговиот привилегиран пасош што го добил порано е издаден врз основа на фалсификувани документи. Така дошол и до пензија. Информациите и документите до коишто дојде комисијата ги потврдуваат сите измами“, појасни Петек.
Тој исто така изјави дека системот на разузнавачките структури моментално не е на највисоко ниво и оти се работи на неговото унапредување.