Besar Ademi
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
КУМАНОВО (АА) - На градските гробишта во Куманово денес беше погребано 4-годишното дете Алмир Алиу кое почина вчера откако беше намерно прегазено со автомобил после банална расправија помеѓу неговиот татко и осмониченото лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил во сабота вечерта во Здравстениот Дом - Куманово, поради отстапен ред на друг пациент каде беше вклучен и осомничениот Бојан Илиќ од Куманово и уште тројца други кои според полицијата го извршиле насилството врз осомничениот.
Според информациите од надлежните органи, Илиќ откако бил нападнат со неговиот автомобил намерно го прегазил 4-годипшно Алмир и неговите родители. Како резултат на повреди родителите завршиле на лекување во Куманово, додека Алмир Алиу заради тешките повреди бил однесен за лекување во Скопје.
Основниот суд во Куманово му одреди 30-дневен притвор на осомничениот Бојан Илиќ, кој е обвинет за кривично дело „обид за убиство".