Cuneyt Davut,Besar Ademi
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Во бегалскиот камп во грчкиот град Идомени, кој се наоѓа во близина на македонската граница, згрижени се голем број на бегалци. Поради лошите услови за живот и губењето надеж дека ќе го продложат својот пат кон европскит земји, бегалците сакаат да се вратат во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириецот Ибрахим Ешреф три месеци е сместен во кампот во Идомени и изјави дека повеќе не може да издржи да живее во лошите услови кои секој ден стануваат се полоши.
„Година и половина работев во Измир. Добри пари заработив. Тука границата е затворена и ние три месеци сме во исчекување. Ги потрошив парите. Побарав пари од моите роднини во Турција за да се вратам таму“, раскажа Ибрахим, татко на петчлено семејство, кој додаде дека и останатите негови роднини кои во моментов се наоѓаат во кампот сакаат да се врата во Турција.
Сиријката Бидајет Марал вели дека три години престојувала во Турција и дека веќе два месеци се наоѓа во Идомени.
Бидајет се пожали дека нема напредок за подобрување на лошите животни услови, раскажувајќи дека за време на својот престој во Истанбул работела во фурна.
„Во споредба со Идомени, животот во Турција беше подобар. Имавме куќа под кирија, заработувавме пари. Нашите деца не беа на улица и имавме за јадење. Животот тука е многу тежок и се е многу полошо“, изјави Бидајет и додаде дека доколку би имала можност би сакала да се врати во Турција.
Бидајет која е дел од седумчлено семејство истакна дека покрај нејзинот семејство и голем број други бегалци посакуваат да се врата во Турција
Од друга страна може да се забележи дека бегалците во кампот за задоволување на основните животни потреби, храна, здравствена заштита и останати потреби чекаат во долги редици и воглавно се обидуваат своите основни животни потреби ги задоволуваат од сопствените приходи.
Во кампот во Идомени под тешки услови живет над 10.000 бегалци кои го чекаат отворањето на границата и продолжување на својот пат кон европските земји. Балканската рута е затворена во месец март оваа година.