Sarp Özer,Tuğrul Çam
02 Април 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во Вашингтон синоќа започна Самитот за нуклеарна безбедност на кој бројни светски лидери ќе разговараат за заканите кои постојат во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на Самитот присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој по пристигнувањето во Конвенцискиот центар се сретна со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, претседателот на Кина, Кси Јинпинг како и со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Претседателот Ердоган на самитот беше придружуван од страна на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и министерот за енергија и природни ресурси, Берат Албајрак.
По отворањето на Самиотот кој се одржува во "Convention Center" во Вашингтон, а чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама, направена е заедничка фотографија на присутните лидери.
Челниците кои се собраа на самитот за нуклеарна безбедност ќе земат учество на главните расправи на три пленарни седници на шефовите на држави, премиери и министри.
САД и Кина пред почетокот на самитот се усогласија дека ќе работат на борбата против криумчарење нуклеарни материјали и јакнењето на соработката со цел воспоставување безбедност на радиоактивните извори.
Главните теми на Самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон се актуелната нуклеарна закана од Северна Кореја и опасноста од можноста терористите на ДАЕШ да дојдат во допир со нуклеарно оружје.
Ова е четвртиот самит од ваков вид со цел подобрување на глобалната нуклеарна безбедност, откако во 2009 година Обама одреди нуклеарно неширење како клучен дел на својата надворешна политика.