Şerife Çetin
16 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, упати апел за целосно истражување на состојбата околу случајот со саудискиот новинар на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, и за казнување на сторителите, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск на прес-конференција на Трилатералниот социјален самит во Брисел, изрази сериозна загриженост од вестите дека Кашоги е убиен.
Тој нагласи дека без слободни медиуми и општествата нема да бидат слободни и дека треба да се стави крај на насилството кон новинарите.
„Упатувам апел за извршување едно целосно истражување за да се открие што му се случило на Кашоги, и за казнување на сторителите“, додаде тој.
Џамал Кашоги, саудиски новинар и колумнист, исчезна по влегувањето во Саудискиот конзулат во Истанбул, на 2 октомври.