Ayhan Şimşek
16 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
ЕСЕН (АА) - Поранешниот претседател на Тунис, Мухамед Мунсиф-ел-Марзуки, изјави дека муслиманскиот свет широко ги поздравува достигнувањата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неговото интервју за Anadolu Agency, тој изјави: „Турција стана извор на гордост за муслиманските земји со нејзините економски, политички и воени достигнувања.“
Истакнатиот политичар, кој беше претседател на Тунис во периодот од 2011 до 2014 година, изјави дека значајниот напредок на Турција претставува извор за инспирација.
„Според моето мислење, она што досега е постигнато во Турција, претставува чудо“, изјави тој, додавајќи дека тоа било постигнато, и покрај меѓународните заговори против земјата.
„Неуспешниот обид за државен удар кој се случи на 15 јули во 2016 година и неодамнешните економски заговори против Турција се дел од тие меѓународни заговори“, додаде Марзуки.
Тој ги пофали напорите на Турција за сириските бегалци кои ја напуштија нивната земја поради граѓанската војна.
„Би сакал да му се заблагодарам на турскиот претседател Ердоган и Турција за тоа што се домаќини на повеќе од 3 милиони Сиријци“, изјави тој.
Тунискиот политичар, исто така ѝ се заблагодари и на германската канцеларка Ангела Меркел што вратите на нејзината земја ги држи отворени за мигрантите кои бегаат од војна и конфликти.
Тој, исто така изрази загриженост за растечката исламофобија во Германија и во другите европски земји, бидејќи екстремно десничарските партии спроведоа широка пропаганда, искористувајќи го стравот во врска со бегалската криза.