Dejan Maksimoviç
26 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
ЦИРИХ (АА) - Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (MOK), имаше обраќање на Конгресот на Светската фудбалска федерација (FIFA) во пресрет на изборот на новиот претседател на оваа организација. Им порача дека сега имаат голема шанса да свртат нова страница и да покренат ново поглавје во фудбалот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во настојувањето да го спречат продолжувањето на корупцијата во ФИФА, 207 претставници на националните фудбалски сојузи се собраа на вонреден Конгрес во Цирих, со цел да изберат наследник на Сеп Блатер, но ќе гласаат и за реформите внатре во организацијата.
„Живееме во свет кој поставува нови прашања. Не можете да ги споредите стандардите на доброто управување порано со барањата на денешното време. Важно е да ги усвоите реформите бидејќи имате голема шанса да свртите нова страница и да започнете ново поглавје на светскиот фудбал”, рече Бах и додаде,
„Го бирате новиот лидер, а со тоа одлучувате каква ќе биде вашата стратегија во иднина, порача Бах”
Сеп Блатер не се појави на вонредниот Конгрес за да ја предаде власта на својот наследник. Причината е едноставна, шестгодишната забрана за извршување било каква работа поврзана со фудбалот, која му ја изрече ФИФА поради финансиска злоупотреба на положбата.
Кандидати за негов наследник се Џани Инфантино, Али бин ал-Хусеин, Токио Сексвил, Селман бин Ебрахим ал-Халифа и Џером Шампањ. Гласањето треба да започне во 15 часот.