Dejan Maksimoviç
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
ЦИРИХ (АА) - Конгресот на Светската фудбалска федерација (FIFA), кој денес вонредно заседава во Цирих, поддржа опсежни реформи со кои ќе се намалат претседателските овластувања и со кои ќе се направи обид за заштита од корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
За да бидат усвоени реформите беа потребни 75 отсто од гласовите од 207 национални сојузи кои имаат право на глас. ФИФА соопшти дека резултатот бил 179:22 во корист на реформите, што е дури 89 отсто од гласовите.
ФИФА и нејзините адвокати се надеваат дека со спроведувањето на реформите ќе му покаже на државното обвинителство на Соединетите Американски Држави дека светското фудбалско тело ја менува својата култура и дека ќе го заштити својот статус во американската истрага.
Многу овластувања за донесување на одлуки кои досега ги имаа претседателот и извршниот комитет ќе бидат одземени. Во иднина Извршниот Комитет ќе се вика Совет на ФИФА и ќе има многу повеќе женски членови од досега.
Рокот на извршување на функциите во ФИФА ќе биде ограничен на 12 години, а ќе бидат воведени и построги проверки на високи службеници.