Ekipa
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
МАНИЛА (АА) - Новоизбраниот претседател на Филипините, Родриго Дутерте (71), ја повика јавноста да му се придружи во борбата против криминалот и апелираше во нивните населби со оружје да ги убиваат дилерите на дрога кои се спротивставуваат на полициските апсења, пренесува Anadolu Agency (AA).
Родриго Дутерте, во светската јавност познат како „филипинискиот Доналд Трамп” прославувајќи ја својата претседателска победа во Давао, им порача на граѓаните дека секој кој ќе му помогне во крвавата војна против криминалот на Филипините, ќе биде награден.
„Ве молам, слободно да ме повикате мене или полицијата или сами земете оружје, ја имате мојата поддршка”, рече Дутерте предупредувајќи за синџирот на трговија со дрога во земјата во која е вклучена и полицијата.
„Ако дилерот на дрога се спротиставува на апсењето или одбива да дојде до полициската станица, можете да го убииете. Стрелајте во него, а јас ќе ви даде медал”, изјави Дутерте.
Дутерте, кој на 30-ти јуни ќе го започне својот шестгодишен мандат како претседател, на претседателските избори на 9-ти мај оваа година вети дека во рок од шест месеци ќе го искорени криминалот и корупцијата во земјата.
Поради неговите контроверзни изјави многу групи за заштита на човековите права истакнаа дека неговите изјави и потези може да доведат до сериозни повреди на човековите права.