Zeynep Tüfekçi
07 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Во продолжението на операцијата за ослободување на Мосул убиен е Абу Хамза ал-Мухаџир, еден од лидерите на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (АA).
Командантот на ирачките сили во операцијата во Мосул, Ахмед ал-Џубури, за АА изјави дека лидерот на ДЕАШ, Абу Хамза, е убиен во напад во јужниот дел на Мосул, Хамам Ал Алил, кој се смета за последното упориште на терористичката организација на јужниот влез од градот.
Ал Џубури рече дека Абу Хамза бил „третиот човек“ во хиерархијата на раководството на ДЕАШ.
Ирачките сили минатиот месец започнаa голема операција за ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ, а поддршка на операцијата пружаат и воздухопловните сили на меѓународната коалиција предводена од САД.