Fatih Erel
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура соопшти дека осмата рунда на сириските мировни преговори во Женева треба да започнат во почетокот на септември и дека планот е двете страни да седнат на маса во иста просторија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тукушто е завршена седмата рунда на мировните преговори во Женева, а следната рунда Мистура ја најави за почетокот на септември повикувајќи го режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и делегација на опозицијата во следната рунда да пристапат во директни преговори и политичка транзиција во Сирија.
Мистура, рече дека сите партии мора да завземат прецизни ставови за основните прашања на сириската криза и најави дека ќе направи дополнителен притисок во следната рунда разговорите да бидат директни, а не одделни средби со модераторите, како што беше случај досега.
„Од страна на сирискиот режим досега не сме виделе какви било индикации за подготвеност да се преговара за политичката транзиција. Јас ги повикувам во следната рунда да премениме и на таа тема", рече претставникот на ОН Мистура.
Претходните рунди на преговори водена е во Женева во изминатите четири дена, а делегацијата на сирискиот режим и опозицијата имаа одвоени средби со делегација на ОН.