Bekim Laci
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Дипломатите, вработени во Министерството за надворешни работи на Македонија, денеска го изразија своето незадоволство во врска со законот за надворешни работи во 2008 година, јавува Anadolu Agency (АА).
Симболично во 12:05 часот дипломатите ги оставија нивните работни места и пред зградата на Министерството побараа од властите да го прекинат оспорениот закон и да се врати оригиналниот текст на Законот за надворешни работи од 2006 година.
Заменикот - претседател на синдикатот, Реџеп Салиу, рече дека работниците долго време предупредуваат за тешкотиите со кои се соочува македонската дипломатија.
„Ова што го направивме е една акција преземена по многу долго трпение, откако надлежните институции за дипломатските служби не ги слушнаа нашите барања, особено главната институција, Министерството за надворешни работи”, изјави Салиу. Тој додаде дека сè повеќе станува избегнување на професионалните структури во дипломатијата и инсталирање на партиските структури.
„Главната цел на овoj протест е професионализација и департизација на дипломатијата. Болката е уште поголема поради тоа што во изминатите 10 години Министерството за надворешни работие уништено”.
Од Синдикатот додаваат дека усвојувањето на последните измени на Законот за надворешни работи во декември 2015 година послужил во голема мера за недостатокот на професионализам во дипломатијата, што негативно ќе се одрази врз дипломатијата и неговата администрација.