Ramazan Turgut
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
РИЈАД (AA) – Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија пресретнаа и уништија балистичка ракета лансирана од Јемен, кон Мека во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, наведено е дека јеменските хути очајнички се обиделе да изведат ракетен напад на светиот град Мека, за негативно да влијаат на подготовките за аџилак.
Нагласено е дека балистичката ракета е уништена со противракетен систем во регионот Ал-Весиле, во близина на градот Таиф, поточно на 69 километри од Мека.
Кон крајот на 2016 година, системот за противракетна одбрана инсталиран во Саудиска Арабија детектираше проектил којшто беше лансиран од Јемен и го уништи на оддалеченост од 65 километри од Мека.
Уште од септември 2014 година, кога со воен удар ја соборија тогашната власт, Хусите контролираат поголем дел од Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија од март 2015 година им дава воена поддршка на јеменските власти против Хусите, кои повремено изведуваат ракетни напади и на Саудиска Арабија.