Ahmet Sait Akçay
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
ИЗМИР (АА) - Телата на шестмината мигранти, жени и деца, пронајдени се вчеравечер, откако нивниот чамец се превртел и потонал во Егејското Море, во близина на турскиот брег, соопшти крајбрежната стража на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Две жени и четири деца загинаа кога чамец во којшто се превезуваа 18 мигранти се преврте во близина на Чешме, во областа Измир. Бродот пловел до грчките острови.
Во спасувачката акција на крајбрежната стража учествуваа три чамци и еден хеликоптер.
Пронајдени и спасени се девет лица кои исчезнале, од кои четворица се ирански државјани, тројца Сомалијци, двајца Сиријци, како и двајца неидентификувани.
Потоа тие биле однесени во државната болница во Чешме, каде што се хоспитализирани.
Организаторот на превозот на мигрантите успеал да избега откако бродот се превртел.
Потрагата по останатите исчезнати мигранти продолжува.