Admir Fazlagic,Cuneyt Davut
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - „Настаните што се случија во Турција не беа само обид за пуч, туку имаше директни и класични изливи на тероризам кои се случија врз цивилното население и ужасот кој потоа следуваше, пред сѐ над цивилното население“, вели политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани во разговор за Anadolu Agency (AA), коментирајќи го обидот за државен удар во Турција, кој на 15 јули се обиде да го изврши терористичката организација ФЕТО.
Рамадани смета дека со овој обид за државен удар не била напападната само власта, туку цела Турција, сите граѓани, без оглед на етничката и верската припадност, истакнувајќи го своето воодушевување за подготвеноста на турскиот народ да се справи со ваквиот обид за државен удар.
„Многумина можат да позавидат на организираноста на турскиот народ, кој тој ден за кратко време успеа да ја врати својата војска. Замислите, една од најголемите пораки што е испратена во целиот свет е: колку успешно ќе се справат со друга странска војска или окупацијa луѓето што толку успешно можат да се справат со својата украдена војска“, истакнува аналитичарот Рамадани.
Според него, еден од најгрозоморните настани се случи токму на мостот во Истанбул што ги спојува Европа и Азија, кој беше обоен во трите бои на Франција како знак на солидарност за тамошниот терористички настан кој се случи пред неколку дена.
Тој раскажа дека за време на обидот на државен удар случајно се нашол во Истанбул, потсетувајќи дека студирал во Турција, и истака дека познавајќи го турскиот народ „еден таков обид, со такви гнасни изливи на тероризам нема никогаш да успее“.
Меѓу другото, Рамадани додава дека има повеќе настани кои допрва ќе се разоткријат, во кои се покажуваат директните изливи на тероризам и страдањата на цивилното население.
„Настаните беа кондензирани според ужасот што се случуваше и во тие седум часа за кои успеавме, несакајќи, да останеме будни од грозотијата на настаните што се случија. Имаше повеќе настани кои допрва ќе се обзнанат, во кои има директни изливи на тероризам, каде што без никаков повод беа стрелани цивили“, вели политичкиот аналитичар Рамадани.