Ayşe Sümeyra Aydoğdu
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
ДУБАИ (АА)- Бран на револуции кои под назив на Арапската пролет започна во 2010 година во Тунис, а потоа покрена исти транзициски процеси во другите арапски земји предизвика немири кои до крајот на 2014 година нанесоа материјална штета 833,7 милијарди долари во тие земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Група на експерти на Форумот на арапските стратегии, чие седиште е во Дубаи, објави извештај под назив: "Цена на Арапската пролет" , во које се наведува дека во текот на случувањата во арапските земји зафатени со тој бран на револуции од 2010 до 2014 година причинета е материјална штета поголема од 833,7 милијарди долари.
Проценката на штетите изработена е земајќи во предвид девет ставки, вклучувајќи намалување на БДП, туризмот, берзата, директните странски инвестиции, бегалската криза и обновата на девастираната инфраструктура.
Укажувајќи дека Арапската пролет донесе дестабилизација и терористички напади во регионот, експертите во извештајот наведуваат дека тааа ситуација причини намалување на бројот на туристи за 103,4 милиони.
Исто така се наведува дека во судирите и терористичките напади во спомнатиот период во арапските земји загинаа или се ранети најмалку 1,34 милиони луѓе.