Burak Karacaoğlu
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
АНКАРА (АА) - Како одговор на нападот на режимот на Асад со хемиско оружје во Источна Гута, САД, Велика Британија и Франција ги бомбардираа позициите на силите на режимот на Асад во Дамаск, Хама, Хомс, Дера и Сувејда, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на нападот кој го потврди и американскиот претседател Доналд Трамп, во првата фаза се бомбардирани позиции во Дамаск, аеродромот Думејр, околината на Меѓународниот аеродром во Дамаск, Научно-истражувачкиот центар Чемерје, одбрамбениот систем на планината Касјун и позиции во регионите Кисве и Каламун.
Силите на САД, Велика Британија и Франција бомбардираа исто така аеродром во Хама кој е под контрола на режимот на Асад, потоа позиции на силите на Хезболах во регионот Кусејр во Хомс и повеќе позиции во Дера.
Медиумите на режимот на сирискиот претседател Асад тврдат дека со помош на одбрамбени системи одредени ракети истрелани кон Сирија се уништени во воздух.