Ekipa
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија ќе ја отвори својата граница со Катар за да можат верниците од овие земји да појдат на аџилак во оваа земја, што ќе биде првиот прекин на неколкумесечната блокада од страна на петте арапски земји кон малата земја од Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната саудиска новинска агенција денес објави дека верниците од Катар ќе имаат можност да влезат во Саудиска Арабија копнено или преку двата аеродрома во земјата.
Верниците потоа ќе бидат однесени на аџилак на сметка на Саудиска Арабија.
Овој потег уследи по разговорите меѓу саудискиот крал Селман и шеикот Абдула бин Али ал Тани, член на кралското семејство на Катар.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен, во почетокот на јуни ги прекинаа дипломатските и сообраќајните врски со Катар, тврдејќи дека земјата го поддржува тероризмот. Официјална Доха ги негира ваквите тврдења и обвинувањата ги гледа како политички мотивирани.