Aşkın Kıyağan
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
ВИЕНА (АА) - Австрија на границата со Италија ќе испрати 70 војници да помогне на граничната полиција да го спречат нелегалниот влез на мигрантите и бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Хелмут Томац, шеф на полицијата во австриската федерална држава Тирол, за новинарите изјави дека е зголемени мерките за да се спречи влез на мигрантите во земјата.
Тој посочи дека овој последен чекор дојде откако се повеќе мигранти се обидуваат да ја преминат границата, возејќи под приколките на товарните вагони.
Тој додаде дека војниците кои се испратени на границата со Италија, ќе помогнат во контрола на товарни возови и камиони.
„Оваа мерка е донесена за да се спречи илегалното влегување на мигрантите, но и да се спасат човечки животи“, рече Томац.
Тој посочи дека за еден месец од 700 до 1.000 мигранти се обидуваат нелегално да влезат во Тирол.
Австриските власти претходно соопштија дека се подготвени за распоредување на вооружени возила по должината на границата за да се спречи влегувањето на мигранти од Австрија.