ЛОНДОН (АА) – Вчерашниот говор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, беше во центарот на вниманието на меѓународните медиуми, јавува Anadolu Agency (AA).
- Ердоган: „Досегашните докази покажуваат дека Кашоги е жртва на сурово убиство“
„Скај њус“ (Sky News), „Би-би-си њус“ (BBC News), „Јуроњус“ (Euronews), „Си-ен-ен“ (CNN), „Франс 24“ (France 24), RT и Ал Џезеира“ (Al Jazeera) беа меѓу бројните медиуми што го емитуваа говорот на Ердоган, кој фрли светло врз деталите за убиството на Кашоги во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул.
Говорот на Ердоган беше емитуван во живо речиси на сите локални канали во Турција, вклучувајќи го и „TRT World“, меѓународен канал за вести на Турција кој се емитува на англиски јазик.
Меѓународните новински агенции „Ројтерс“ (Reuters), „Асошиејтед прес“ (Associated Press), „Франс прес“ (Agence France Presse) и турската новинска агенција Anadolu Agency (AA), го пренесоа говорот за нивните претплатници со ажурирани вести.
Ердоган, за време на својот говор на состанокот на парламентарната група на АК Партијата, ги откри деталите од истрагата на Турција во врска со убиството на Кашоги.
„Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги е планирано“, рече Ердоган.
Говорот го следеа одблизу и весниците низ светот.
Британските весници, меѓу кои „Гардијан“ (The Guardian), „Финаншал тајмс“ (Financial Times), „Телеграф“ (The Telegraph), „Индепендент“ (The Independent) и „Дејли њус онлајн“ (The Daily News Online), исто така ја емитуваа во живо изјавата на Ердоган.
Американските весници меѓу кои и „Вашингтон пост“ (The Washington Post), во кој Кашоги беше колумнист, ги информираа своите читатели во врска со говорот и го ажурираа на вестите во живо на социјалните мрежи.
„Њујорк пост“ (New York Post), „УСА тудеј“ (USA Today) и „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal) исто така целосно? широко го покрија говорот. „Њусвик“ (Newsweek), неделно политичко списание, ја ажурира својата онлајн-верзија со говорот на Ердоган.
Исто така, германските медиуми широко ги покрија изјавите на Ердоган и пренесоа дека Турција заклучи дека смртта на Кашоги била едно планирано политичко убиство.
„Коментарите на турскиот претседател ја ставаат во прашање официјалната верзија на саудиското кралско семејство за смртта на Џамал Кашоги“, напиша „Цајт“ (Die Zeit) на неговата интернет-страница.
Бројни арапски канали во живо го емитуваа говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот на парламентарната група на АК Партијата, во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, додека пишаните медиуми на своите социјални мрежи значајните говори на Ердоган ги објавија како „последна минута“.
Говорот на Ердоган кој содржи важни пораки во врска со убиството на Кашоги, стана денешната најзначајна точка на дневниот ред на медиумите од Средниот Исток.
Арапските ТВ-канали одблизу го следеа говорот на Ердоган, а целиот дел од говорот во врска со убиството на Кашоги го емитуваа во живо.
ТВ-каналот „Ел Арабија“ („El Arabiya“) кој емитува на арапски јазик од Дубаи и е финансиран од страна на Саудиска Арабија, говорот на Ердоган го пренесуваше во живо преку ТРТ на арапски јазик, додека на интернет-страницата на каналот на преден план беше следната изјава на Ердоган: „Важно е што Саудиска Арабија приведе осомничени во врска со случајот“.
Весникот „Указ“ (Ukaz) кој се објавува во Саудиска Арабија го пренесе говорот на Ердоган во кој вели дека Саудиска Арабија направила значајни чекори во потврдување на убиството на Кашоги и приведување на одговорните лица.
Од друга страна, весникот „Сабк“ (Sabk) кој, исто така, се објавува во Саудиска Арабија, напиша дека Ердоган истакнал дека верува оти Саудиска Арабија ќе помага во врска со убиството на Кашоги, и дека на овој начин се договориле со кралот Селман.
Египетскиот весник „Дустур“ (Dustur) во веста што ја објави како последна минута под наслов „Ердоган побара 18-те осомничени да бидат осудени во Турција“, нагласи дека Ердоган рече оти постојат бројни прашања во врска со убиството на Кашоги кои чекаат одговор.
Весникот „Шурук“ („Şuruk“) кој се објавува во Египет како последна минута ја објави следната изјава на Ердоган: „Поседуваме докази дека убиството на Кашоги е претходно планирано“.
Во веста објавена на интернет-страницата на „Ал Џезеира Арапски“ (Al Jazeera Arapça) кој врши емитување со седиште во катарскиот главен град, Доха, се наведува говорот на Ердоган кој бара од Саудиска Арабја да ги детектира сите одговорни лица за убиството на Кашоги, и тие да бидат осудени во Истанбул.
Ирачката официјална новинска агенција во веста што ја објави под наслов „Турскиот лидер ги соопшти деталите од убиството на Кашоги“, напиша дека Ердоган истакнал оти случајот „Кашоги“ е претходно планиран, и дека ќе бидат соопштени резултатите на истрагата, со цел да се откријат вистините.
ТВ-каналот „Ел Хура“ (El-Hurra), кој од Америка емитува на арапски јазик, го пренесе говорот на Ердоган со насловот „Убиството на Кашоги: Ердоган ги соопштува деталите“.
Иранската државна телевизија го емитуваше говорот на Ердоган во живо со симултан превод.
Иранската полуофицијална новинска агенција „Тесним“ во преден план го имаше барањето на Ердоган за судење на сторителите на убиството на Кашоги во Турција.
Новинската агенција „Мехр“ (Mehr) на првата страница го пренесе говорот на Ердоган во кој вели дека убиството било планирано.
Израелскиот весник „Тајмс оф Израел“ (Times of Israel) објави вест во врска со оваа тема под наслов „Ердоган побара одговор на прашањето кој дал наредба за бруталното убиство на Кашоги“.
Исто така, весниците како „Ерусалим пост“ (Jerusalem Post) и „Хаарец“ (Haaretz) го објавија говорот на Ердоган.
Рускиот ТВ-канал „Русија 24“ (Rossiya 24), го пренесе говорот на Ердоган под наслов „Анкара не е задоволна“.
Во преден план во вестите на руската новинска агенција ТАСС (TASS) беше изјавата на Ердоган каде што вели дека Кашоги е планирано убиен.
Исто така, новинската агенција „Риа“, како и „Комерсант“ (Kommersant) и „Комсомолскаја правда“ (Komsomolskaya Pravda) објавија вести за говорот на Ердоган во врска со убиството на Кашоги.
Кашоги исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
По негирањата со денови за судбината на Кашоги, Саудиска Арабија во саботата потврди дека Кашоги бил убиен за време на расправија во Конзулатот.
Во веста под наслов „Тоа беше заговор за убиство на Саудијците“, „Билд“ (Bild) јави дека Ердоган сакаше да ја открие вистината за ова политичко убиство, и предложи осомничените за убиството на Кашоги да бидат осудени во Истанбул.
Говорот на Ердоган беше емитуван во живо и од страна на германските канали за вести, меѓу кои „Феникс“ (Phoenix) и „n-tv“.