Nilay Kar
24 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ХАТАЈ (АА) - Гувернерот на турската област Хатај, Ердал Ата, денес потврди дека лицето донесено од Сирија во Турција е Џампеи Јасуда, јапонскиот новинар кој во 2015 година исчезна во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот Ата истакна дека Јасуда бил придружуван од припадници на безбедносните сили и разузнавачки тим, и дека не поседувал документ за идентификација.
Според весникот „Јапан тајмс“ (Japan Times), јапонскиот премиер Шинзо Абе ја поздравил веста за ослободувањето на јапонскиот фриленсер.
„Би сакал да им се заблагодарам на Катар и Турција за нивната голема соработка“, истакнал Абе.