Adem Şalvarcıoğlu
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во Индонезија дојде до ерупција на вулканот Анак Кракатау, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на индонезиската Институција за метеорологија, клима и геофизика се наведува дека во вулканот кој се наоѓа во градот Лампунг од петокот се случиле 44 експлозии.
Се вели дека вулканот исфрла чад на височина до 200 метри.
Во регионот е упатено предупредување до населението што живее околу вулканот да премине на безбедни места.