Erdal Türkoğlu
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
ХАТАЈ (АА) - Сириската војска и денес продолжува со жестоките артилериски напади врз бунтовничките упоришта на подрачјето на Туркменската Планина и Џабел Акард на периферијата на Латакија, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори за АА јавуваат дека подрачјето на таа планина која ја контролираат силите на сириската опозиција и денес е мета на жестоки артилериски напади на силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Средиште на најжестоките напади се селата Јамади и Караман на Туркменската Планина како и селата Ет Туфахије и Кбиени на планината Акард.
Бидејќи станува збор за пораничен појас во северозападниот дел на Сирија, густиот чад од овој регион и силните експлозии се гледаат и слушаат и од турскиот пограничен град Јајладаги.
Силите на сирискиот режим вчера се обидоа со копнена офанзива да ги пробијат позициите во тој регион, но беа сопрени во намерата.