Muhammed Shekh Yusuf,Hacer Başer
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во последните три години 136 пати ја прекрши одлуката за забрана на хемиско оружје кое ја донесе Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката 2118 ВСУН од донесување па до денеска, прекршена е 139 пати, од тоа 136 пати од страна на сирискиот режим, а три пати од страна на ДАЕШ, соопштено е од СНХР.
Се додава и тоа дека режимот пред донесување на одлуката на ВСУН отровниот плин го користел 33 пати, а потоа по донесување на одлуката изведоа 136 напади со хемиско оружје.
Во извештајот на СНХР објавен во пресрет на годишнината на најсмртоносниот напад со хемиско оружје во текот на војната во Сирија, кој сириските режимски сили ги изведоа на подрачјето на Источна Гута во близина на Дамаск на 21 август 2013 година, се наведува дека 97 отсто од подрачјата на кои режимот ги изведе со отровен плин под контрола на опозицијата а само три отсто под контрола на ДАЕШ.
Најголем број на нападите со хемиско оружје изведен е на подрачјето на Идлиб, Дамаск и Хама.
Одлуката на ВСУН е донесена 2013 година, а од тогаш во овие напади загинаа 88 лица, од тоа 30 цивили. Меѓу загинатите цивили се наоѓаат 20 деца и осум жени.
Силите на режимот на сирискиот претседател во нападот со хемиско оружје на подрачјето на Источна Гута, на 21 август усмртија повеќе од 1400 луѓе, меѓу кои се наоѓаа највеќе жени и деца, додека повеќе од 10.000 цивили се ранети.
Советот за безбедност на Обединетите нации во септември 2013 година ја усвои резолуцијата 2118 со која покрај останатото од сирискиот режим е побарано во потполност да одговара за хемиското оружје и тој арсенал да биде уништен и отстранет до средина на 2014 година.