Sibel Uğurlu
30 Јули 2016•Ажурирано: 31 Јули 2016
АЛЕПО (АА) - Во нападите на руските авиони и авионите на режимските сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад на три населби во Алепо, загинаа 21 лице, а беа повредени десетици луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на цивилната заштита велат дека авионите извршиле нападите во населбите Бустан ал-паша, Карм ал-Беик и Ал-Сукари.
Точниот број на повредените не е познат, поголем број на болници во регионот не функционираат, а останатите имаат проблем со сместување.
Во воздушните напади на руските авиони извршени вчера во населбата во Eтарибу, во западниот дел на Алепо, загинаа 22, а беа повредени 50 лица.