Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ДАМАСК (АА) - И покрај делумното и привремено примирје во нападите во Сирија во месец април загинаа 16 припадници на цивилната заштита и медицинскиот персонал, пренесува Anadolu Agecny (AA).
Сириската опсерваторија за човекови права (SNHR) објави извештај во кој се наведува дека како резултат на воздушните напади од страна на руските сили и на режимот на Асад загинаа 14, а во нападите на опозициската војска, две лица.
Извештајот содржи фотографии и видеа од напади врз цивили, но исто така се наведува дека во нападите на опозициската војска загинаа двајца здравствени работници.
Да потсетиме дека делумниот и привремениот прекин на огнот во Сирија стапи во сила на 27-ми февруари оваа година.