Ekipa
30 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
МОГАДИШУ (АА) - Во Могадишу, главниот град на Сомалија извршен е напад со возило-бомба во близина на полициска станица, во којшто животот го загубија 6 лица, а има голем број на ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од полициски извори се дознава дека во главниот град Могадишу, во местото Вабери изведен е напад со возило-бомба во близина на полициска станица. Експлозијата се случила на патот од претседателската палата кон аеродромот, при што животот го загубија 6 лица, додека има голем број на повредени.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.