Hakan Ceyhan Aydoğan
26 Јули 2016•Ажурирано: 26 Јули 2016
МОСКВА (АА) – Заменик премиерот на Турција Мехмет Шимшек пренесе дека претседателот Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин, на 9 август ќе имаат средба, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата со заменик-потпретседателот на Русија, Аркадиј Дворкович, заменик премиерот Шимшек, изјави: „Нашиот амбасадор ме информираше дека претседателот Ердоган го потврдил своето заминување во Санкт Петербург на 9 август".
Шимшек изјави дека во Русија се дојдени со цел односите со оваа земја да ги вратат во нормала и тие да продолжат понатаму, по 29 ноември.
„Русија не е само наш вреден сосед. Таа е наш значаен и стратегиски соработник. Поради несреќните настани имаше нарушувања во односите. Се надеваме дека нашите односи нема да останат само до периодот пред 29 ноември, туку ќе продолжат и понатаму", истакна Шимшек.
- „На Русија ѝ благодарам за поддршката што ни ја даде“
Шимшек изјави дека биле преземени сите мерки за повторно да започнат авионските летови меѓу Турција и Русија. И Русија беше информирана за ова. Шимшек додаде:
„И покрај настаните на 24 ноември, не мислам дека имаше нарушувања во односите меѓу нашиот и нивниот народ."
„На Русија ѝ благодарам поради нејзиниот принципиелен став и за поддршката што ни ја даде во последните несреќни настани“,рече Шимшек.
Дворкович, во врска со обидот за државен удар на ФЕТО рече: „Принципиелниот став на Русија во врска со разрешувањето на проблемите со обидот за државен удар против владата, која е избрана по легален пат, е проблемите да бидат разрешени во рамките не Уставот".
На средбата на Шимшек и Дворкович присуствуваа и министерот за економија, Нихат Зејбекчи и делегациите на двете држави.