İzzet Mazi
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
КИЛИС (АА) - Ракетен проектил истрелан од територијата на Сирија попладнево падна на покрив на зграда во Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, како резултат од продолжувањето на граѓанската војна во Сирија, еден истрелан проектил паднал врз покривот на двокатна зграда во пограничниот турски град Килис.
Се дознава дека има повредени лица, станари на зградата.
Полициски и противпожарни екипи се на местото на настанот.
Во текот на денешниот ден на подрачјето на градот Килис паднаа уште две ракети од сириска територија. Една од двете ракети го погоди магацинот на државната болница во градот а втората експлодираше на празна земјоделска површина во близина на истиот објект. Во тие експлозии немаше настрадани лица.