Abdullah Aşıran
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ХАГ (AA) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Турција има клучна улога во заштитата на границите на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ни се допаѓа тоа или не, Турција има клучна улога во заштитата на границите на НАТО“, рече Столтенберг, одговарајќи на прашањата од пратениците за време на седницата на Комисијата на Министерството за надворешни работи при Парламентот на Холандија.
Тој потсети дека Турција со години води борба против тероризмот, нагласувајќи ја потребата да се покаже разбирање за таа земја.
„Не смееме да заборавиме дека ниту една земја-членка на НАТО не се бори против толку терористички напади. Турција ни е многу важен сојузник“, рече Столтенберг.
По обраќањето на седницата на Комисијата за надворешни работи, Столтенберг одржа прес-конференција во владината зграда заедно со холандскиот премиер Марк Руте.
Во та пригода истакна дека НАТО ја поддржува воздушната операција на САД, Велика Британија и Франција врз позициите на силите на Асадовиот режим во Дамаск и Хомс, како одговор на нападот со хемиско оружје на Дума од 7 април.
Тој, исто така додаде дека употребата на хемиско оружје е сосема неприфатливо.
Нападот со хемиско оружје, во кој беа убиени најмалку 78 цивили, се случи на 7 април. Тимот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) во Сирија пристигна во саботата, но сé уште не започна со истрагата.
Како одговор на нападот со хемиско оружје на Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција на 14 април бомбардираа повеќе места на силите на режимот на Башар ал-Асад во Дамаск и Хомс, а станува збор за складишта со хемиско оружје.