Elena Teslova
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот воен командант, генералот Валериј Герасимов и врховниот командант на НАТО во Европа, генералот Кертис Скапароти, се состанаа денес во главниот град на Азербејџан, Баку, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тие разговараа околу темите поврзани со воените активности на НАТО и Русија во европскиот регион, како и подигнувањето на нивото на доверба и спречување на инциденти, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Односите меѓу Русија и НАТО се нарушени од 2014 година, од почетокот на судирите во Украина и анексијата на Крим.
Двајцата генерали разменија мислења за моменталната ситуација во Сирија и ја нагласија важноста за интеракција во борбата против меѓународниот тероризам.