Aşkın Kıyağan
26 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
ПРАГА (AA) - Судењето на копретседателот на терористичката организација ПЈД/ПКК, Салих Муслим, кој беше уапсен претходниот ден во Прага, главниот град на Чешка, се одложи за утре, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот на Турција во Прага, Ахмет Неџати Бигали, изјави за АА дека денес поради испитување на предметот за судењето од Јавното обвинителство во Прага, судската истрага за Муслим е одложена за утре.
Бигали истакна дека го испратиле барањето до чешките власти за привремено апсење на таканаречениот поранешен копретседател на терористичката организација, Муслим, а Министерството за правда што е можно поскоро ќе ги испрати потребните официјални документи до властите на Република Чешка за екстрадација во Турција.
Салих Муслим се наоѓа на црвената листа на турското Министерство за внатрешни работи за лица барани за тероризам, со парична награда од 4 милиони турски лири (околу 860.000 евра).