Şerife Çetin
26 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
БРИСЕЛ (AA) - Европската Унија (ЕУ) го осуди кршењето на човековите права од страна на армијата на Мјанмар и безбедносните сили, истакнувајќи ја сериозноста на ситуацијата на муслиманите во провинцијата Аракан во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Советот на ЕУ се повикува Владата на Мјанмар да ги воспостави потребните услови за враќање на бегалците во нивната земја.
„Советот на ЕУ ги осудува сите систематски прекршувања на човековите права, вклучувајќи го и силувањето и убиствата извршени од армијата на Мјанмар и безбедносните сили“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на ситуацијата во Аракан.
Во соопштението се повикаува Федерика Могерини, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, да ги прошири рестриктивните мерки против високите воени претставници одговорни за ембаргото на оружје и воена опрема и злоупотребите на човековите права во Мјанмар.