Merve Yıldızalp
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турската фондација за верски прашања (ТДВ) ги доби потребните дозволи од Владата на Бангладеш за праќање помош за араканските муслимани кои пребегале од конфликтите во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од страна на претставници на ТДВ, Фондацијата добила дозвола од Владата на Бангладеш за праќање помош за араканските муслимани.
Откако беше добиена дозволата, ТДВ почна да доставува хуманитарна помош за Араканците.