Servet Tümer
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
АНТАЛИЈА (AA) - Како последица од торнадо, кое денес ја зафати турската туристичка дестинација Анталија, причинета е материјална штета на куќите и деловните објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Силното невреме и торнадото негативно влијаеа на животот во овој дел на Турција. Силниот ветер преврте и некои возила на патиштата.
Жителот Хасан Јилмаз изјави дека во потполност се уништени некои куќи.
Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез потврди дека моментално нема снабдевање на околу 260 трафостаници во Анталија.
Според неговите зборови, погодени се околу 80.000 домаќинства. Турскиот министер рече дека околу 20.000 жители немаат електрична енергија.
„Екипите на теренот ќе работат онолку колку што временските услови ќе дозволат", изјави Донмез.
Според прелиминарните податоци, повредени се 14 лица.