Betül Yürük
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Доналд Трамп, претседателот на САД, за првпат се обрати на Генералното собрание на ОН и на почетокот од својот говор ги повика лидерите на земјите да ги имаат во преден план сопствените земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како претседател на САД, секогаш Америка ќе ја имам во преден план. И вие, како лидери на вашите земји, треба вашите земји да ги имате во преден план“, истакна Трамп.
Трамп го нарече претседателот на Северна Кореја, „човек-ракета во самоубиствена мисија“, а доколку Северна Кореја продолжи со својата нуклеарната програма, Трамп додаде дека тоа би значело „потполно уништување на Северна Кореја“, додавајќи дека не преостанале други опции.
Во врска со бегалската криза, Трамп изрази голема благодарнот до Турција, Јордан и Либан.
„Особено им се заблагодаруваме на Јордан, Турција и на Либан што им излегоа во пресрет и се домаќини на бегалците“.
Во врска со употребата на хемиско оружје, Трамп изјави:
„Доколку се употребува забранетото хемиско оружје, тогаш ниту една земја нема да биде безбедна. Потребно е сирискиот диктатор Башар ал Асад да престане со ваквите напади“, рече Доналд Трамп на Генералното собрание на ОН.