Sarp Özer
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) почнаа со распоредување на тенковите во Силопи, во југоисточната област Ширнак, на границата меѓу Турција, Сирија и Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА од воени извори, во Силопи трае трансферот на тенковите од околината на Анкара, а станува збор за оклопни возила на 28. механизирана бригада.
Силопи се наоѓа во југоисточниот дел на Турција, во близина на границата со Ирак и со Сирија.
Ишик: Во регионот имаме значаен развој на настаните
Министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик, во врска со испраќањето тенкови во Силопи изјави дека: „Во регионот имаме значаен развој на настаните. Додека од една страна се води сериозна борба во Турција против тероризмот, имаме сериозни промени од другата страна на турската граница. Ова се активности со цел да се биде подготвен за сите овие промени. Турција мора однапред да биде подготвена за секаков развој на настаните, и ова е дел од тие подготовки“.