СКОПЈЕ (АА) - Во организација на турското Претседателство за верски прашања, турската Фондација „Дијанет“ (ТДВ), и Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, денес во скопското село Студеничени се одржа активност, во чии рамки се заклаа 100 грла стока, во кои финансиски учествуваа 700 поединци, јавува Anadolu Agency (AA).
Советникот за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, Мурат Алкан, во изјава за АА истакна дека курбаните се колат според верските правила и во хигиенски услови.
Курбанското месо, рече тој, со специјално опремени возила ќе биде поделено во Источна Македонија и во другите делови на земјата.
Тој нагласи дека нивното овогодишно мото е „Сподели курбан, зближи се со твојот брат“.
Алкан посака овие курбани да бидат причина за зближување на луѓето со Господ, и упати честитки по повод празникот Курбан бајрам.

Јусуф Јилдиз, претставник на Фондацијата, истакна дека тие се наоѓаат во Македонија за колење курбани, и дека курбанското месо ќе го поделат во околу 60 села низ земјата.
Турската Хуманитарна фондација ИХХ, исто така, по повод празникот Курбан бајрам, денеска во скопската општина Студеничани закла курбани во кои финансиски учествуваа 104 поединци.
Ферхан Јемелек, претставник на ИХХ, во изјава за АА истакна дека тие како хуманитарна фондација, како на секој Курбан бајрам, така и на овогодишниот, патуваат во различни подрачја, и дека денес се наоѓаат во братската земја Македонија.
Тој истакна дека курбанското месо ќе го поделат во различни места низ земјата, во Куманово, Источна Македонија, и во Скопје и околината.
„Соработуваме со локалните организации како Здружението „Енсар“, Здружението „Мерхамет“, Здружението „Класје на добрина“ и Здружението „Братство““, додаде тој.
Претседателот на Здружението „Енсар“, Сулејман Баки, нагласи дека собраните курбани од различни турски институции, како и од жителите на Скопје, ќе ги поделат во Скопје и во Источна Македонија.
Тој потсети дека веќе 18 години вршат активности по повод Курбан бајрам. „Сметаме дека курбанското месо, во одредена мера, ќе му биде од помош на нашиот народ“, рече Баки.
Во текот на Бајрам, Хуманитарната фондација ИХХ ќе додели курбанско месо за лицата кои имаат потреба низ земјата.
И турското Здружение „Дениз Фенери“, денес, по повод Курбан бајрам, во скопската општина Студеничани закла курбани со учество на 105 поединци.

Ахмет Саргин, претставник на „Дениз Фенери“ за регионот на Средоземното Море, во изјава за АА истакна дека активностите во врска со курбанот ги реализираат во соработка со Здружението „Енсар“.
„Ние како „Дениз Фенери“, веќе 23 години реализираме активности околу курбанот во околу 45 земји во светот.
Денес се наоѓаме во Македонија, по повод активностите околу курбаните во 2018 година“, рече тој.
„Оваа година сме овде за да покажеме дека им даваме поддршка на нашите браќа во Македонија. Се надеваме дека ќе ја постигнеме нашата цел“, додаде тој.
Претседателот на Здружението „Енсар“, Сулејман Баки, нагласи дека курбанското месо ќе го поделат во Скопје и околината, и дека оваа помош која доаѓа од Турција, е значајна за народот кој живее тука.
Според него, овие активности покажуваат дека Турција секогаш дава поддршка на своите сонародници.
„Исто така, денес ќе се реализира колење и на другите курбани кои ние како Здружение „Енсар“ ги собравме за жителите на Скопје. Ќе ги доделиме во Скопје и во Источна Македонија“, нагласи Баки.