Sibel Uğurlu
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес соопшти дека Турција во 2018 година спречила околу 347 терористички дејствија, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на работилница за борба против тероризмот во Анкара, Сулејман Сојлу го потенцираше намалувањето на терористичките дејствија во рамките на Турција.
„Минатата година спречивме 697 терористички дејства, а оваа година 347. Вложуваме големи напори и имаме сериозен успех кој не може да се игнорира“, рече Сојлу.
Сојлу истакна дека светот се запозна со концептот на „глобален тероризам“ со нападите на 11 септември во САД, кои од земјата беа наречени глобален терористички чин.
Додаде дека САД тогаш истакнаа дека борбата мора да се ориентира на глобално ниво и влегоа во Ирак и Авганистан.
„САД тогаш истакнаа дека борбата мора да се ориентира на глобално ниво и ги окупираа Ирак и Авганистан“, додаде Сојлу.
Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека има зголемување на терористичките дејствија низ светот во периодот помеѓу 2002 и 2007 година.
„Потоа, помеѓу 2007 и 2011 година имаше пад од 35 отсто, а по Арапската пролет помеѓу 2011 и 2014 година беше забележано зголемување од 350 отсто како резултат на (терористичките) дејствија на ДЕАШ, Боко Харам и ПКК/ПЈД.
Сојлу нагласи дека особено по турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија, бројот на терористичките дејствија на глобално ниво опаднал по 2014 година.
Тој рече дека Турција фатила одредени странски државјани кои се обидувале да ја преминат турската граница за да заминат на Блискиот Исток да им се приклучат на терористичките организации ПКК/ПЈД и ДЕАШ.
„Речиси 9.500 европски државјани од 28 земји на ЕУ, што се обидоа да преминат во конфликтните зони и да се приклучат кон терористичките организации како ПКК/ПЈД и ДЕАШ, добија трајна забрана за влез“, рече Сојлу, нагласувајќи дека Франција и Белгија се првите две од овие 28 земји на ЕУ.
Сојлу понатаму истакна дека Турција досега вовела трајни забрани за влез на 69.967 лица од 151 земја во светот.
„Турција, исто така, екстрадираше вкупно 7.031 странски терористи од 100 националности“, додаде Сојлу.
Турските војници - поддржани од Слободната сириска војска - ослободија големи делови од северозападна Сирија од терористичките организации за време на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во 2016 година, додека со операцијата „Маслинова гранка“ им зададоа тежок удар на терористите на ЈПГ/ПКК и на ДЕАШ, ослободувајќи го подрачјето на сириски Африн на почетокот на 2018 година.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.