Özcan Yıldırım
08 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 55 убиени терористи, уништени три оклопни возила и три ракетни батерии е билансот од синоќешниот напад на турските вооружени сили на позициите на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано воено официјално лице за АА рече дека турските артилериски сили вчера извеле низа извиднички летови и ги утврдија точните позиции на терористичките упоришта на ДАЕШ во регионите Барагидах и Кусакчик, северно од Алепо и во близина на сириско-турската граница.
Турските артилериски сили од пограничниот појас со топови и повеќецевни фрлачи на ракети успешно ги уништија сите детектирани позиции на ДАЕШ во тие регионот.
Според првичните информации во турските артилериски напади на северот на Сирија се убиени најмалку 55 терористи, а уништени се три оклопни возила и три терористички ракетни гнезда. Нападот го снимија камерите на извидувачките летала.