Handan Kazancı
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ХАКАРИ (АА) - Најмалку двајца турски војници загинаа, а тројца се повредени во текот на операцијата од страна на турските безбедносни сили против терористичката организација ПКК, во југоисточниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (АA).
Неименуван воен извор за АА изјави дека терористите на ПКК утринава отвориле оган врз припадниците на турските безбедносни сили во областа Шемдинли во југоисточната покраина Хакари.
Притоа загинаа двајца турски војници, а тројца се ранети. Тие се префрлени во државната болница во Хакари.
Сепратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, а станува збор за група која веќе подолго од три децении води вооружена кампања против Турција.
Терористичките активности на ПКК се интензивираа во јули минатата година, а турските безбедносни сили од крајот на минатата година водат опсежна антитерористичка операција ширум Турција и во северниот дел на Ирак. Досега во тие операции животот го загубија над 600 припадници на турските безбедносни сили, а убиени се повеќе од 7.000 терористи.