Betül Yürük
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
ЊУЈОРК (AA) – Постојаниот амбасадор на Република Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу на денешната седница на Советот за безбедност повика на итен прекин на сите воени операции и воспоставување на прекин на огнот во сирискиот регион Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот за безбедност на ОН заседаваше денеска на барање на Русија, а главни теми на седницата беа ситуацијата во сирискиот Идлиб и трилатералниот самит кој неодамна во Техеран ги собра лидерите на Турција, Русија и Иран.
Турскиот амбасадор Синирлиоглу членките на Советот за безбедност ги информираше за резултатите од техеранскиот трилатерален самит на кој ситуацијата во Идлиб беше една од главните точки.
Потсетувајќи дека Турција, Русија и Иран земјите гарантери на мировниот процес кој за Сирија се води во Астана, Синирлиоглу рече дека целта на тој процес е да се намали насилството и да се забрза политичкиот процес на решавање на сириското прашање.
Потсетувајќи дека и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Техеран повикал на воспоставување на прекинот на судирите во Идлиб, Синирлиоглу го повтори тој апел на Анкара.
„Наш повик на воспоставување на прекинот на огнот подразбира прекин на сите воени операции и Турцја и понатаму ќе настојува на тоа. Ја повикуваме меѓународната заедница гласно и активно да нѐ поддржи во тоа", порача Синирлиогу.
Нагласувајќи дека воените операции во Идлиб предизвикале нови катастрофи, Синирлиоглу предупреди дека новите напади покренале бран бегалци од Идлиб, а сето тоа би претставувало безбедносен ризик за Турција, Европа и пошироко.
Тој исто така потсети дека Турција згрижува 3,5 милиони сириски бегалци и дека според тоа е прва во светот.
„Не смее да се дозволи во Идлиб да страдаат милиони невини луѓе. Тоа е задача на меѓународната заедница. Денеска на нас чекаат веќе 3,5 милони цивили, вклучувајќи и милион деца. Не смееме да ги разочараме", порача турскиот амбасадор во ОН Синирлиоглу.
Идлиб е сириска провинција која важи за најголема тврдина и енклава на сириската опозиција. Се работи за регион кој е во рамките на мировниот процес во Астана е прогласен за зона за деескалација.
Околу четири милиони жители на тој регион веќе некое време стравуваат дека силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад можеле да започнат нови напади.
Станува збор за регион од стратешка важност во кој новите судири би предизвикале нов голем бегалски бран кон Турција и Европа.