Satuk Buğra Kutlugün
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - „Почетокот на заедничката турско-саудиска истрага за случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги е неизбежна“, соопштија денес дипломатски извори за Anadolu Agency (АА).
„Истрагата за случајот Кашоги, кој не е виден по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври, треба да започне вечерва“, изјавија изворите, кои побараа да останат анонимни.
Синоќа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот крал Селман разговараа телефонски во врска со случајот.
Според извори од турското Претседателство, во телефонскиот разговор било споменато формирање истражен комитет за случајот со исчезнувањето на Кашоги.
Турски полициски извори соопштија дека на 2 октомври, истиот ден кога Кашоги влегол во Конзулатот, во Истанбул пристигнале и 15 Саудијци, вклучувајќи и неколку официјални лица, и ја посетиле зградата на Конзулатот во времето кога новинарот Кашоги бил внатре. Сите идентификувани лица ја напуштиле Турција.
Се очекува саудиските власти да дадат објаснување за судбината на Кашоги, додека неколку земји, меѓу кои особено Турција, САД и Велика Британија, вршат притисок за што побрзо расчистување на случајот.